fbpx

Едмонд Темелко на распит во Основниот суд Скопје 1

-

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој е еден од осомничените во акцијата на Специјалното јавно обвинителство наречена „Титаник“, во моментов е пред судија на претходна постапка, потврдуваат за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

Судијата на претходна постапка, по распитот на Темелко, треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на СЈО и ќе му одреди или не мерка притвор.

Како што информираат од судот, барањата за притвор на СЈО против другите седум осомничени се распределени кај судии кои треба да постапат по нив и да донесат одлука.

Засега нема информации кога другите осомничени во случајот „Титаник“, за кои е побаран притвор, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Денеска во Специјалното обвинителство на прес-конференција беше посочено дека биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал, а сè за фалсификување на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Западот не спровел државен удар во Украина во 2014 година, војната ја започна Русија

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022...