fbpx

Совет на честа: Латас ја дискредитираше целата новинарска бранша

-

И покрај тоа што Драган Павловиќ – Латас не е член на Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ), Советот на честа се дистанцира од неговото однесување синоќа во текот на интервјуто на „Сител“ со Зоран Заев, затоа што така ја дискредитира целата новинарска бранша и создава искривена слика за неа во македонската јавност, реагираат од ЗНМ.

„Во својот настап, Павловиќ ги прекрши членовите 10, 11, 14, 15 и 16 од Кодексот на новинарите на Македонија. Тој зборуваше со говорот на омраза и поттикна дискриминација по национална основа. Според нас, Павловиќ не обезбеди професионална дистанца кон гостинот и настапи пристрасно и неизбалансирано. Латас и сите новинари во Македонија мора да ја негуваат културата на говорот и етиката. Неспоиво со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. Советот смета дека однесувањето на Латас сериозно ги наруши угледот и достоинството на новинарството, со тоа што го искористи медиумот за лична пресметка со лидерот на опозицијата“, пишува во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...