fbpx

Давутоглу и Меркел бараат сопирање на офанзивата на Алепо

-

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска соопшти дека повеќе од 30.000 сириски бегалци го напуштиле подрачјето на Алепо и оти се наоѓаат на сириска територија во близина на границата со Турција.

На заедничката прес-конференција со германската канцеларка Анегла Меркел, Давутоглу рече дека Турција ќе им овозможи на бегалците да влезат во земјата само доколку биде потребно, додавајќи дека руските воздушни напади во Сирија не смеат да бидат толерирани.

Турција и Германија се сложиле да покренат заедничка дипломатска иницијатива за да се спречи офанзивата на сирискиот град Алепо.

Давутоглу рече дека Анкара ќе го информира Брисел за проектите што ги планира откако од европските фондови ќе пристигнат трите милијарди евра, кои треба да го спречат доаѓањето на бегалците во ЕУ преку Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...