fbpx

Заев: Ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски

-

Денешниот датум, 24 декември, ќе остане во историската меморија на Македонија како ден кога власта на Никола Груевски брутално ја погази парламентарната демократија во Република Македонија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев пред Собранието.

– Прекршија Устав и закони. Ја искористија полицијата за да ги штити. Исфрлија новинари и пратеници од собраниската сала. Зад затворени врати тесната група околу Груевски го раскрчми буџетот на граѓаните. Тоа што го направија Груевски и неговите соработници тогаш, се обидуваат да го прават и сега. Затвораат врати за грѓанскиот сектор. Бркаат новинари од Анкетната комисија, каде треба да се соочат со вистината. Граѓаните паметат и ќе паметат дека Никола Груевски и неговата насилна и расипничка власт се осмели да ги исфрла од народниот дом. Бавна, но тешка е раката на правдата. Ова е последен 24 декември за власта на Никола Груевски – изјави Заев.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...