fbpx

Партиите ќе ја трошат и идната недела за договор за медиумите

-

Преговарачите на политичките партии и денеска не успеаја да се договорат за законите од сферата на медиумите во рамките на работните групи, чии средби се одржуваат во Клубот на пратеници во Скопје, дознава „Мета“.

Според нашите информации, тие разговарале за реформи во МРТ, но сè уште имаат дијаметрално различни ставови за ова прашање.

Работните групи вчера не постигнаа напредок ниту во преговорите за Агенцијата за медиуми.

Вчера ВМРО–ДПМНЕ ги повика новинарските здруженија да достават предлози што тие ќе ги претстават на средбите на работните групи. Од партијата велат дека нема да прифатат ниту еден закон што значи цензура на медиумите и високи казни за редакциите.

За СДСМ, пак, секој закон кој значи деполитизација и департизација на институциите задолжени за медиумите е добредојден.

Претходно, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте даде рок до денеска да се постигне договор околу спорните прашања за медиумите.

Преговорите ќе продолжат в понеделник, кога се оечкува да се интензивира расправата за наоѓање решение за Агенцијата за медиуми и за МРТВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Верувам дека следната недела ќе завршат преговорите за формирање на новата Влада, изјави денеска претседателот на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари. „Јас верувам...