fbpx

Дождот ја прекина есенската сеидба во Пелагонија

-

Поројните дождови ја прекинаа есенската сеидба во одредени делови на Пелагонија. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола велат дека деветиот канал се излеал и водата направила проблеми на посевите.
–Под вода се од 40 до 50 хектари плодно земјиште, така што не може да се продолжи со есенската сеидба. Досега се засеани само половина од предвидените 25.000 хектари под пченица и есенски култури. Влагата во почвата ја запира и жетвата на пченка во зрно, која досега е реализирана само на 10 отсто од површините. Ова е очекувано со оглед на тоа што во текот на овој месец паднаа 70 литри дождовница на еден квадратен метар во пелагониско – вели Илија Србиновски, раководител на министерството за земјоделство во Битола.
Од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола веќе се на терен и се интервенира на критичните места, а, според нив, засега нема опсаност од излевање на Црна Река.
Во градот синоќа наврнаа 35 литри на еден квадратен метар, а реката Драгор е полна со вода како на пролет кога се топи снегот. Од Јавното претпријатие „Нискоградба“ велат дека во текот на целиот ден ги чистат шахтите низ градот, кои се затнати со лисја, за да се направи истек на водата и да се олесни движењето и на пешаците и на возачите по коловозите.
А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...