fbpx

Франција фрли 20 бомби врз позиции на ИД во Сирија

-

Врз позиции на милитантите на Исламска држава во градот Рака во Сирија, Франција изведе воздушни напади.

Француското министерство за одбрана соопшти дека француски авиони фрлиле 20 бомби во Рака, уништувајќи арсенал за оружје и центар за обука на милитантите.

Францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус, говорејќи на маргините на самитот на Г20 во Турција, изјави дека Франција дејствувала во самоодбрана. Авионите полетале од Јордан, а акцијата била изведена во координација со американските сили. Во меѓувреме, продолжува потрагата по човекот за кој се смета дека помогнал во организирањето на терористичките напади во Париз во петокот. За овие напади, во кои загинаа околу 130 луѓе, додека повеќе од 350 беа ранети, одговорноста ја презеде терористичката група Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...