fbpx

Србија вложува пет милиони евра во Сребреница

-

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија ќе вложи пет милиони евра во развојот на Сребреница и оти средствата веќе се на располагање. Тој додаде дека Владата на Србија утринава донела одлука два милиони евра да бидат префрлени на сметката на општина Сребреница, додавајќи дека средствата веќе в понеделник ќе им бидат на располагање на локалните власти.

Вучиќ рече дека преостанатите три милиони евра треба да бидат вложени во проекти, кои треба да ги реализираат компании од Србија, заедно со Република Србија и со општина Сребреница.

– И тие пари ги имате веднаш на располагање и сите жители на Сребреница, без разлика дали станува збор за Босанци или Срби, може да сметаат на повеќе работни места и на подобар живот – рече Вучиќ во своето обраќање на Конференцијата за инвестиции и развој во Сребреница.

Вучиќ рече дека Србите сакаат добри односи со Босанците и оти сакаат да градат заедничка иднина, но дека секогаш ќе го осудуваат тоа што во минатото било лошо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...