fbpx

СДСМ: Власта не ни дозволи да направиме трибина во Дом на АРМ

-

Смрт или слобода е идејата-водилка на секоја генерација којашто се обидувала низ историјата да ја оствари слободата на Македонија. Единствен пример кога слободата е извојувана е Народно-ослободителната борба и денес сме среќни што можеме да го прославиме 70-годишниот јубилеј од ослободувањето на Скопје. Фашизмот е победен пред 70 години, но наша задача, наша должност, наша обврска е денес повторно и повторно да го препознаваме и да го победуваме. Битката за слобода, денес е битка за слобода на мислата, денес е битка за слобода на говорот, денес продолжува да биде битка за слобода на изборот, рече на денешната прес-конференција Софија Куновска, претседателка на Градска организација на СДСМ – Скопје.

Затоа, рече Куновска, СДСМ продолжува во оваа битка и ќе се обидуваме и понатаму да вложуваме голема енергија за просперитетот, иднината и за благосостојбата на Република Македонија.

– Жал ми е што денес морам да констатирам, дека иако СДСМ се обиде на достоинствен начин цела една недела да посвети на овој јубилеј, власта ја покажа својата малициозност, со тоа што не дозволи денеска во Домот на Армијата да ја одржиме трибината којашто беше планирана во 13 часот. Се надевам дека заедно ќе имаме можности на достоинствен начин, сите граѓани заедно со сите гарнитури, да го празнуваме овој празник – заклучи Куновска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Утре ќе сообраќаат автобусите по неделен возен ред, а жичницата нема да работи

Утре, за време на двојните претседателски и парламентарни избори, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата до врвот на Водно нема да работи. Дежурни ќе бидат билетарниците на...