fbpx

Ураганот Патриција пристигна во Мексико

-

Ураганот Патриција синоќа се приближи до атлантскиот брег на Мексико и прерасна во екстремно опасна бура од категорија пет, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

Бурата, движејќи се во правец север – северозапад, со брзина од околу 160 километри на час, во текот на ноќта прерасна во ураган, а ветерот се движеше со брзина од околу 260 километри на час.

Бурата зафати подрачје од околу 320 километри југозападно од пристаништето Манзанило и е објавено предупредување од опасност од ураган.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.