fbpx

Уште една шанса за Договорот од Пржино, преговорите продолжуваат

-

Претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 17 часот ќе ги продолжат средбите на работните групи во Клубот на пратеници. Средбата е одложена за два часа на барање на ВМРО-ДПМНЕ.

На дневен ред пред преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ  и од ДПА ќе се најдат законите за влада и за таканаречените „свиркачи“.

Лидерите на четирите политички партии вчера има целодневна средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, но не постигнаа никаков договор.

Како што изјавија претставници од двете политички партии, доближување на ставовите има, но конечен договор, сепак, нема.

Денеска е последен рок партиите да постигнат договор за преодна влада и да се изберат министри и заменици-министри.

Се очекува на денешната средба да присуствува и белгискиот олеснувач Питер ван Хојте.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музејските институции за Меѓународниот ден на музеите

Музејските институции во земјава утре традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите по повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите. Посетителите ќе можат да...