fbpx

Еден од уапсените во акцијата „Молња“ планирал напади во Скопје

-

Еден од седуммината уапсени во денешната полициска акција со оперативно име „Молња“, според сознанијата на МВР, додека се пукало во Диво Насеље на 9 мај, планирал да мобилизира група и да изврши напади на повеќе локации во Скопје, изјави помошникот-министер за внатрешни работи Иво Котевски на денешната прес-конференција.

Како што информираше Котевски, акцијата била спроведена во селата Отља, Брест, Арачиново и Матејче. Осомничените, според МВР, се товарат за помагање, терористичка организација и за тероризам.

МВР по наредба на судија на претходна постапка извршило претреси на пет локации во Отља, две во селото Брест и на една во Матејче, каде, според Котевски, биле пронајдени карти на голема Албанија на униформи на УЧК, рамки за куршуми, мапи, пиштол, ловни пушки, детектори за метал, куршуми, лисици за врзување и фотографии на припадници на УЧК.

За време на акцијата, како што соопшти Котевски, не се регистрирани никакви инциденти. Тој додаде дека поголемиот дел од осомничените од претходно ѝ се познати на полицијата и против нив биле поднесувани кривични пријави, а на дел веќе им биле изречени затворски казни.

Упасените имале контакти со групите од Диво Насеље и Гошинце, но не учествувале во нападите, туку дејствувале како помагачи и логистика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...