fbpx

УСАИД им помага на малите бизниси да успеат

-

Проектот на УСАИД за мали и за микро-претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, им додели сертификати на 117 претприемачи за успешно завршени претприемачки програми.

Откако почна со работа пред четири години, сопствениците на бизниси што учествуваа во проектот, колективно го зголемија извозот за 440.000 американски долари, а вкупните приходи за 1,6 милиони долари.

– Малите и микро-компаниите во земјата, колективно вработуваат најмногу луѓе. Како такви, имаат голем потенцијал за поттикнување пораст на македонската економија, а сепак, колку е помала компанијата, толку е поголем предизвикот да се етаблира или да се прошири. Наша цел е да им обезбедиме на сопствениците на мали компании знаење, вештини и пристап до финансии кои им се потребни да го зголемат бизнисот и да креираат можности за нови вработувања – изјави директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејм Стајн.

Проектот на УСАИД за мали и за микро-претпријатија, кој почна со реализација во јули 2011 година, ги поддржува малите и микро-бизнисите преку тренинг, вмрежување, менторство, консултации, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд.

Активностите на проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД.

Американскиот народ, од 1993 година, преку УСАИД има инвестирано повеќе од 500 милиони долари во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...