fbpx

Обвинителството бара притвор за седуммина уапсени во денешната полициска акција

-

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повело истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановско Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство.

Во писменото соопштение од обвинителство не е наведено дали станува збор за уапсените во денешната акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), но најверојатно се работи за истите лица.

Од Обвинителството информираат дека до судија на претходна постапка бил поднесен предлог на сите седуммина осомничени да им биле одредена мерка притвор.

„Врз основа на анализа од досега прибавените докази од истрагата во врска со настаните од 9 и од 10 мај годинава во кумановската населба Диво Насеље, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, издаде наредба за спроведување истражна постапка за уште седум македонски државјани. Осомничените, кои се товарат за сторени кривични дела терористичка организација и тероризам, се изведуваат пред судија на претходна постапка. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, стои во кусото соопштение на Јавното обвинителство.

Како што информираше помошникот-министер за односи со јавноста, Иво Котевски, за „Мета“, утрово е спроведена обемна полициска акција за апсење соработници и јатаци на криминално-терористичката група од Диво Насеље.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...