fbpx

Пронајдени две неексплодирани артилериски гранати во Битолско и во Берово

-

Вработен во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ вчера во СВР Битола пријавил дека во атарот на селото Кременица, при изведување земјоделски работи, пронашол неексплодирана артилериска граната, калибар 155 милиметри, од Првата светска војна, информираат од полицијата.

Истиот ден, беровец во локалната полициска станица пријавил дека во понеделеникот, во објект кој порано го користеле „Македонски шуми – Малешево“, нашол неексплодирана артилериска граната, калибар 75 милиметри.

Според полицијата, двете неексплодорани гранати биле подигнати за понатамошна постапка од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, односно од ДЗС Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Акција за мерење на крвен притисок и гликемија утре во Градски парк

Специјалистите по семејна медицина утре ќе одржат акција наменета за граѓаните за мерење на крвен притисок, гликемија, пикфлоуметрија и давање на совети за здрави животни навики, соопшти Здружението на...