fbpx

Јемен: Во воздушни напади убиени 131 лице на свадба

-

Најмалку 131 лице во Јемен се убиени при воздушен напад на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, јавуваат светските медиуми.

Коалицијата, чија мета биле шиитските бунтовници, по грешка од воздух нападнала свадба во селото Ел Вахга, во близина на морскиот теснец Баб ел Мандеб. Меѓу жртвите има најмалку 80 жени.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ги осуди нападите во Јемен повикувајќи ги учесниците во судирите „во и надвор од земјата веднаш да ги запрат сите воени активности“.

ОН проценува дека најмалку 2.100 цивили се убиени во судирите во Јемен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Старо обраќање на Црвенковски од пред три години прикажано како ново пред изборите

Пред изборите кои се одржаа на 8 мај 2024 година, Црвенковски немал никакво обраќање ниту порака испратена до власта. Црвенковски испратил порака дека Македонија е корумпирана држава, но тоа не...