Фондот за иновации, преку кофинансирани грантови ќе поддржи проекти на компаниите во вредност од 1,3 милион евра.
Вкупниот буџет, за чијашто распределба е објавен втор повик, е распределен на три инструменти, а заинтересираните компании може да аплицираат до 21 октомври.
На овој повик има можност да аплицираат и не толку нови претпријатија, бидејќи преку инструментот за комерцијализација на иновации се финансираат поголеми проекти во понапредна фаза.
Со првиот повик објавен од Фондот за иновации и технолошки развој беа избрани 16 старт ап и спин оф претпријатија, кои веќе работат на развој на иновативни проекти.
За нив беа обезбедени 460.000 евра од Фондот. Најголем дел од апликациите и проектите што се финасираа досега беа од ИТ индустријата, но Фондот финансира проекти од кој било сектор и индустриска гранка.