fbpx

Судскиот процес за акцијата „Јустиција“ почнува на 29 септември

-

На 29 септември, 13 лица, судии и стручни соработници, од одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, обвинети во случајот „Јустиција“, ќе седнат на обвинителна клупа.

Во акцијата „Јустиција“, која се случи лани во октомври, беа уапсени дваесетина лица од одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, под сомневање дека несовесно работеле во службата.

Јавното обвинителство – Скопје, во меѓувреме, склучи шест спогодби.

Според кривичната пријава, судиите и службениците, со неизвршување на службената должност, нанеле штета на буџетот од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал. Според МВР, осомничените воделе постапка без да се појават обвинетите, а судските казнени пресуди биле внесувани како извршени, но биле чувани во фиоки сè до нивно застарување. На застарените пресуди, според МВР, се ставал и противзаконски подготвен штембил дека постапката се запира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...