fbpx

Лидерот на Ал каеда повикува на нови напади на Западот

-

Лидерот на Ал каеда, Ајман ал Завахири, на снимката, која е најверојатно стара два месеци, ги повикува младите муслимани да го напаѓаат Западот, особено САД. Тој посакува да се изведе терористичка акција по примерот на таа што ја извршија браќата Царнаев на бостонскиот маратон. Исто така, повикува на поголема слога и на соработка меѓу милитантите.

Снимката на интернет се појави вчера, а во прилог на тврдењата дека е стара два месеца оди и фактот што Завахири во обраќањето го споменува талибанскиот лидер мула Мохамед Омар на начин како да станува збор за живо лице, додека авганистанската влада кон крајот на јули објави вест за неговата смрт.

Завахири на крајот повика на заедништво на сите фракции на исламските милитанти во Сирија и во Ирак и на основање независен шеријатски суд кој би ги решавал конфликтите меѓу спротиставените страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...