fbpx

Ќе се формира државно „Водостопанство“, Владата распиша оглас за директор

-

Владата вчера распишала оглас за избор на главен извршен директор на Акционерско друштво „Водостопанство“ на Република Македонија, информираше зменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски. Конкурсот ќе трае до 31 август, а новоформираното друштво ќе почне со работа во октомври.

– Ги охрабруваме сите оние кои вруваат во сопствените капацитети, кои имаат одлични организациски способности, се способни да работат тимски и се подготвени за целосно да се посветат на оваа задача и да вложат силен ангажман и да се соочат со овие предизици, да аплицираат на огласот кој трае до 31 август кој има за цел да отвори можност за што поголем број кандидати кои имаат искуство во областа од градежништвото, финансиите, земјоделството или правото – рече Костадиновски.

Заменик министерот информираше дека со самиот старт на работата на АД „Водостопанство“, водостопанските претријатија кои постојат и водните заедници кои се уште се актуелни, ќе бидат затворени. Целата инфраструктура што е во нивна сопственост ќе премине во целосна надлежност на АД „Водостопанство“ на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кина не го одбила дипломатскиот статус на Фон дер Лајен, ниту, пак, таа чекала ред со редовните патници

Објавата погрешно интерпретира настан стар повеќе од една година, односно посетата на претседателката Урсула вон дер Лајен на Народна Република Кина. Никаде не се споменува дека ѝ бил одбиен...