fbpx

Руски државјанин се обидел да прошверцува артефакт преку Табановце

-

Руски државјанин се обидел да прошверцува артефакт од османлиската епиграфија на граничниот премин Табановце.
Царинската управа, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, кој сообраќал на редовната линија Охрид – Белград, пријавен за излез од државата, запленила артефакт, мермерена плоча испишана со арапски букви.

Мермерната плоча била пронајдена во ќесе сместено во пластична торба, сопственост на руски државјанин, патник во автобусот.

Пронајдената плоча е предадена на Националната установа Археолошки музеј на Македонија, заради вештачење. Оттаму било констатирано дека мермерната плоча преставува „дел од надгробен споменик, кој, според наведените карактеристики, може да датира од втората епоха од османлиската епиграфија, поточно од 16 до 18 век“, со што претставува споменик на културата.

Против сторителот е поднесена кривична пријава поради постоење основан сомнеж дека сторил кривично дело изнесување, односно извезување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а судија на претходна постапка му изрече мерка за безбедност – одземање на пасошот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...