понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Царинскауправа | 10 резултати

„Викиликс“: Среде скандали и афери, македонската царина набавува опрема за следење и за прислушување

јули 10, 2015

Македонската царина набавува опрема за следење и за прислушување, односно за спроведување посебни истражни мерки (ПИМ), може да се види од е-мејл комуникацијата меѓу претставник на фирмата „Навајо технолоџис“ и италијанската „Хакинг тим“, чии мејлови,  што можат да се пребаруваат, ги објави „Викиликс“. Според она што може да се види од преписката, извесен Александар Чоковски, директор […]

Царината заплени 326 литри шверцуван „ред бул“

јули 3, 2015

Царински инспектори од одделението за истраги, во магацини на две скопски фирми откриле 326 литри шверцуван енегретски пијалок „ред бул“, соопшти Царинската управа. Како што информираат оттаму, инспекторите при контрола на магацин на Кванташки пазар во Скопје, откриле 1.140 лименки „ред бул“, без декларации на македонски јазик, на кои составот на производот бил напишан на […]

Царината и „Филип Морис“ заедно во борба против шверцот на тутун

јуни 24, 2015

Царинската управа и „Филип Морис Тутунски комбинат – Прилеп“ со меморандум за соработка се обврзаа на зајакнување и на координација во борбата против нелегалната трговија со тутун. Меморандумот го потпишаа директорката на Царинската управа, Наташа Радеска-Крстевска, и генералниот директор на „Филип Морис Тутунски комбинат – Прилеп“, Емре Козлу, претставник на „Филип Морис интернешнал менаџмент“. – […]

Тетовска фирма се обидела да прошверцува автобус на преминот Ќафасан

мај 7, 2015

Четворица тетовчани се осомничени дека се обиделе нелегално да внесат цел автобус преку граничниот премин Ќафасан, во близина на Струга, на македонско-албанската граница. Царинската управа поднела кривична пријава против една фирма и три физички лица, сите македонски државјани, поради обид за нелегално внесување во државата на автобус марка „ман“, со проценета вредност од околу 824.000 […]

Царината на Табановце спречила шверц на половина килограм марихуана

јануари 9, 2015

Инспектори од мобилната единица на царинската управа и службеници на граничниот премин Табановце, пред два дена спречиле обид за шверц на половина килограм марихуана, соопшти Царинската управа. Дрогата, која била сокриена во куфер сместен во просторот за багаж на автобус кој сообраќал на редовната линија Кичево – Анзбах, била откриена со помош на царинско куче, […]

Царинските кучиња откриле шест килограми марихуана на Табановце

ноември 22, 2014

Мобилните тимови на царинската управа, вчера на граничниот премин Табановце, спречиле шверц на шест килограми марихуана, сокриена во автомобил со германски регистарски ознаки, кој бил пријавен за влез во државата. Во возилото, марка „опел астра“, патувале двајца германски државјани, В.Б. (42) и А.Ф. (28), кои веднаш биле приведени. Дрогата, која била сокриена во фабрички шуплини […]

Страна 1 од 1