Работните групи на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија денеска во Софија ја одржа осмата средба во врска со преговорите за договорот за пријателство, добрососедство и за соработка.
Од МНР соопштија дека средбата минала во конструктивна атмосфера, без притоа да откријат повеќе детали.
Следната средба, според договореното, треба да се одржи во Скопје.