fbpx

ММФ: Можно е да се отпише дел од долгот на Грција

-

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека можеби ќе биде неопходно да се отпише дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да го враќа поради слабеење на структурните реформи и пад на буџетскиот дефицит, пишува во соопштението на ММФ.

Фондот ја намали прогнозата за порастот на Грција од 2,5 на нула проценти во 2015 година, истакнувајќи дека земјата има потреба од нова помош од 36 милијарди евра од ЕУ во наредните три години, дури и да го одобри планот на кредиторите.

Вкупните финансиски потреби на земјата се зголемиле поради големи политички промени во Атина и се проценуваат на вкупно 50 милијарди евра до 2018 година, наведува ММФ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...