fbpx

Фифти-фифти се шансите за лидерска средба денеска

-

Постојат шанси лидерите на политичките партии денеска во 13 часот да се сретнат во Клубот на пратеници и да направат нов обид за излез од политичката криза.

Сè уште се договараат деталите за средбата.

Ако пропаднат договорите за форматот на новата влада и за другите детали, денешната лидерска средба би се одложила за друг термин кога ќе има нешто околу што партиите и лидерите се согласуваат.

Како што пишуваат медиумите денеска, освен заедничка средба, лидерите ќе имаат и поединечни средби со претставници на меѓународната заедница.

Неизвесно е дали лидерите ќе ги доближат ставовите за преодната влада, како и за реорганизацијата на институциите што се во надлежност на извршната власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...