fbpx

Просечната нето-плата изнесува 21.746 денари

-

Просечната месечна исплатена нето-плата, во април 2015 година, изнесува 21.746 денари, а просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот период изнесува 31.939 денари, објави денеска Државниот завод за статистика

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата, во април годинава, во однос на април минатата година, изнесува 102,7.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите рударство и вадење на камен (32,9 проценти), уметност, забава и рекреација (9,8 проценти) и други  услужни дејности (9,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот месец е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности (7,3 проценти), транспорт и складирање (4,3 проценти) и информации и комуникации (3,7 проценти).

Во април 2015 година, 1,5 процент од вработените во Македонија не примиле плата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...