fbpx

Почнува реконструкцијата на коритото на Шемница

-

За една недела ќе почне реконструкцијата на коритото на реката Шемница во делот на општина Могила. По големите поплави од февруари оваа година, кога во Пелагониско беа под вода илјадници хектари земјиште, ќе се прави регулација на коритото на реката во должина од 260 метри, кај железниот мост во атарот на селото Могила.

Во исто време, во реката Шемница ќе се огради и капалиште каде мештаните ќе можат да се разладуваат и одмораат во летните денови. Градоначланикот на Општина Могила, Стевче Пивковски, вели дека прокетот чини пет милиони денари, а средствата се обезбедни преку Бирото за регионален развој.

– На реконструкција на коритото на реката Шемница кај селото Могила се чекаше дури 20 години. Сега парите ги обезбедивме преку заеднички прокет на Пелагонискиот плански регион за трите општини, Могила, Новаци и Демир Хисар, проект кој вкупно изнесува 20 милиони денари. Ова уредување на коритото на реката Шемница нема да значи само реконструкција, туку ќе се прави и базен, што ќе се користи за разладување и за одмор на жителите на општината во летните месеци – вели градоначалникот Пивковски.

Што се однесува, пак, до најгорливиот проблем на могилчани и, воопшто, на жителите на пелагонискиот регион, реконструкцијата на коритото и чистењето на реката Црна, Пивковски вели дека тој прокет треба да го реализира Дирекцијата за заштита и спасување, бидејќи Црна е пакосна за сите пелагонски општини, Прилеп, Могила, Новаци и Битола и не би смеело парцијално да се третира.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...