fbpx

ЕУ: Решението на прашањето со мигрантите во септември

-

Членките на ЕУ, најверојатно, во текот на јуни нема да постигнат согласност за сместувањето на 40.000 азиланти, што значи дека одлуката нема да биде донесена пред септември, изјавија европски извори.

Европската комисија во текот на месецов изнесе предлог за сместување на мигрантите за да се намали оптоварувањето на Италија и на Грција, кои се обидуваат да се изборат се преголемиот број пристигнати мигранти.

Портпаролот на европското претставништво од Литванија, Јанис Берзинс, рече дека министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе се состанат следната недела и оти прашањето со миграцијата ќе биде високо на дневниот ред, но нема да биде донесена никаква одлука.

Европскиот извор истакна дека лидерите на ЕУ продолжуваат со дискусијата на самитот во Брисел, закажан за 25 и за 26 јуни, но дека „програмата за мигранти тешко дека ќе биде усвоена“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Словачките новинари стравуваат дека обидот за атентат на премиерот Роберт Фицо може да доведе до уште поголема поларизација и задушување на независните гласови. Неколку високи политичари од владејачката коалиција...