fbpx

Уапсен поранешниот потпретседател на Иран

-

Властите во Техеран го уапсиле поранешниот потпретседател Хамид Багхаеи под засега неразјаснети обвиненија, јави иранската новинска агенција.

Судскиот портпарол, Голамхосеин Мохсени Еџеи, само е цитиран во делот каде потврдува дека Багхаеи е уапсен на 8 јуни. Никакви други детали не се откриени.

Багхаеи бил потпретседател во мандатот на Махмуд Ахмадинеџад и бил задолжен за извршни работи.

Во јануари уште еден од замениците на Ахмадинеџад, поранешниот прв потпретседател Мохамед Реза Рахими, беше осуден на пет години затвор и на парична казна од 1,2 милион долари за скандал поврзан со уценување.

Сегашниот претседател Хасан Рохани ја обвини поранешната влада на Ахмадинеџад за повеќе проневери за време на својот осумгодишен мандат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...