fbpx

Швајцарската економија во пад

-

Швајцарската економија ослаби во првиот квартал, покажуваат денеска објавените податоци, а големата јавна потрошувачка го ублажи негативниот тренд, кој е инициран со одлуката на централната банка да не ја ограничува вредноста на франкот во однос на еврото, пренесе „Денар.мк“.

Домашниот производ во првиот квартал е намален за 0,2 проценти во споредба со истиот период претходната година.

Аналитичарите во анкетата на „Ројтерс“ очекуваа пад од 0,1 отсто.

Ова е прв квартален извештај за домашниот производ откако Швајцарската национална банка на 15 јануари го укина ограничувањето на курсот од 1,2 франци за едно евро.

По оваа одлука, франкот нагло зајакна на меѓународниот пазар на валути, што им создаде проблеми на швајцарските извозници, кои се двигатели на домашната економија.

Швајцарскиот извоз ослаби во април, а дури три четвртини од извозниците забележаа голем пад на приходите.

Нарачките од швајцарската индустрија, кои се индикатори за идното индустриско производство, се намалени за пет проценти во првиот квартал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...