fbpx

В недела за Богојављение – Водици, владиката Тимотеј во Австралија

-

Годинешните кумови на манифестацијата Богојављение – Водици, српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ и македонскиот бизнисмен Зоран Милески, ќе го примат кумството точно напладне, во црквата „Св.Никола Геракомија“.

Во Охрид е во тек пријавувањето за скокање по светиот крст во водите на Охридско Езеро.

-Украинец е првиот пријавен во списокот на лица кои годинава ќе скокнат по светиот крст во Охрид. Оваа година очекуваме да ја надминеме бројката 1.150 лица, која беше евидентирана во текот на минатата година. Сите оние кои се заинтересирани, во текот на наредните два дена ќе може да се пријават во ресторанот „Света Софија“, каде ќе добијат пријава со која потоа на 19 јануари, во периодот од 7 до 9 часот, ќе може да ја подигнат маичката во црквите „Св. Никола Геракомија“, „Св. Ѓоргија“, и „Св. Богородица – Каменско“- велат од здружението „Богојавление“.

Во текот на денешиот ден, членовите нуркачкиот клуб „Амфора“ од Охрид ќе извршат чистење на езерото во потегот на пристаништето за да овозможат подобри услови за фрлање на светиот крст.

Прославата на празникот почнува вечерва, во 20 часот, на градскиот плоштад, каде концерт ќе одржи Каролина Гочева.

Во пресрет на манифестацијата, в понеделник, 19 јануари, надлежниот архиереј од Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј, соопшти дека нема да го фрла светиот крст во водите на Охридско Езеро, членовите на здружението „Богојавление“ ги обвини за комерцијализација на црковната свеченост и за личен профит и замина службено за Австралија. Од здружението се обидоа да ја смират топката, со изјави дека ќе најдат меѓусебно разбирање со владиката, чиј лик – во поза како го фрла крстот, го истакнаа на големи билборди во Охрид.

Тие очекуваат повеќе од 30.000 посетители во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...