fbpx

Зоран Ставрески си поднесе оставка од здравствени причини

-

Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, денеска поднесе оставка, а како образложение се наведуваат лични здравствени причини.

– Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и закрепнување, поради што јас нема да сум во можност да ја извршувам функцијата министер за финансии и потпретседател на Владата на Република Македонија – наведува Ставрески во оставката.

Тој во оставката му се заблагодарува на поранешниот премиер Никола Груевски за плодната и професионална соработка.

На местото на Ставрески премиерот Емил Димитирев најверојатно ќе го предложи актуелниот директор на Управата за јавни приходи, Кирил Миновски.

Портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев, за „Мета“ вели дека Владата изразува голема благодарност до Ставрески за неговиот ангажман и дека му посакуваат добро здравје и надминување на предизвиците.

– Поради лични здравствени причини, вицепремиерот Ставревски поднесе оставка на функцијата министер за финансии и вицепремиер на Владата. Причините се наведени во текстот на неговата оставка и ние тоа го разбираме и почитуваме. Владата истакнува огромна благодарност до вицепремиерот Ставрески за неговата работа, за ангажманот и за придонесот што тој го оствари во реализација на владините мерки, програми и политики, за што сведочат неговите постигнати извонредни резултати. Му посакуваме пред сè добро здравје и надминување на предизвиците со кои се соочува, а Владата секогаш ќе остане отворена за соработка со личност каква што е тој – вели Ѓоргиев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...