fbpx

Зоран Ангеловски едногласно предложен за директор на ОТА

-

Собраниската Комисија за избори и именување го избра поранешниот разузнавач Зоран Ангеловски за директор на Оперативно техничката агенција (ОТА) во која треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, која досега беше во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

По изборот во Комисијата, следува гласање на пленарна седница во Собранието.

Законот за ОТА (Оперативно техничка агенција) беше донесен на 12 април и е дел од реформските закони од планот „3-6-9“. ОТА треба да почне со работа во ноември годинава и со нејзината работа треба да се гарантира дека нема да има незаконско прислушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...