!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Заев на средба со Безак: Мора да има решение по демократски пат!


       
Скопје, 21 април, 2017 - 17:08 (META) 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево на средба со амбасадорот на Република Словачка, Мартин Безак, посочил дека мора да се почитуваат демократските принципи, односно одлуката на околу 700.000 граѓани.

– Решение мора да има низ почитување на демократските принципи. Граѓаните на веродостојни избори се изјаснија за промени. Легитимно е формирано новото парламентарно мнозинство од 67 пратеници избрани од околу 700.000 граѓани.  Продолжуваме кон избор на нов претседател на Собранието и нова влада, според мнозинската волја. Никој не смее спротивно на Уставот и на државните интереси да ја загрозува егзистенцијата и стабилноста на граѓаните, бидејќи тоа се тешки казниви дела – порачал Заев, повикувајќи дека е неопходно сите институции, партии и поединци да овозможат мирен трансфер на власта.

На состанокот се разговарало за итните реформски приоритети што е подготвена да ги реализира новата влада.