fbpx

Заев: Граѓаните да не се плашат од Груевски и да се вклучат во борбата за живот

-

На митингот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија во Валандово, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на граѓаните им порача „да не се плашат од злосторничката банда на Груевски и да се вклучат во борбата за живот“.

Посебно им се обрати на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и им порача дека тие не се виновни, туку само неколкумина од врвот на партијата.

Тој и од митингот во Валандово го повика Груевски да не се плаши, да излезе на дуел и очи в очи да разговараат за економијата, за младите и за вистината во Македонија.

Заев пред валандoвчани вети дека „Планот за живот“ ќе биде учебник за секој член на идната власт која гарантира достоинствен живот за сите во Македонија.

Опозицијата вечерва одржа митинг и во Гевгелија, од каде што Заев порача дека на секој што се заканува и го поткупува народот, му следува казна затвор од пет години и секој што тоа го правел, ќе одговара по 11 декември.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...