fbpx

Вуцис: Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство во грчкиот парламент

-

Кога ќе дојде на гласање во грчкиот Парламент Договорот од Преспа ќе добие широко мнозинство, изрази убеденост спикерот на грчкиот законодавен дом, Никос Вуцис, говорејќи за грчкото радио „Реал фм“.

– Верувам дека македонското прашање и Договорот од Преспа ќе има пошироко мнозинство во Парламентот од она што сега се претпоставува, токму поради тоа што во следните месеци ќе има можност, почната со конференцијата во Министерството за надворешни работи, за клучни прашања за кои постојат логични, оправдани или друг вид на несогласувања да се појаснат прашањата и мислам дека ќе има поширок консензус – вели Вуцис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на несогласувањата и најавите на коалицискиот партнер во Владата, Панос Каменос, дека поради договорот ќе ја собори Владата, претседателот на грчкиот Парламент вели дека секој ќе треба да презеде одговорност.

– Кога ќе имаме таква разврска, односно кога ќе помине договорот низ сите тешкотии што постојат во соседната земја и кога ќе дојде за гласање во Парламентот, тогаш секој ќе ја презеде својата одговорност – рече претседателот на грчкиот Парламент и објасни дека „претседателот на државата нема некаква улога во конкретниот случај, а една Влада може да падне само со предлог за гласање недоверба“ како што беше иницијативата на Нова демократија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...