Времето променливо облачно, попладне со дожд и грмежи


       
Скопје, 18 јуни, 2018 - 9:25 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура се движеше од 11 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 31 Целзиусови степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. В среда како и во следните два дена ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд.