В сабота, во периодот од 23 до 2 часот по полноќ, Град Скопје вонредно ќе прска против комарци на територијата зафатена со поплавата што се случи на 6 август.
Прскањето ќе се врши терестрично (од земја) во населените места Смиљковци, Сингелиќ, Стајковци, Економија, Арачиново, Брњарци, Инџиково, Црешево, Виниче, Камник и Ченто.
Вонредното прскање ќе се врши по барање на Министерството за здравство, кое произлегува од 59. седница на Влада.