fbpx

Во Средоземно Море се спасени 900 мигранти

-

Повеќе од 900 мигранти се спасени во еден ден во Средоземно Море од три пренатрупани брода на пат од Северна Африка кон Европа, соопшти италијанската крајбрежна стража.

Неименуван претставник рече дека мигрантите биле спасени вчера и оти едно тело е извлечено.

Два брода на италијанската крајбрежна стража и еден трговски брод од непознато потекло спасиле вчера во водите кај Малта 328 мигранти, додека брод на француската морнарица спасил 297 лица, вклучувајќи 50 жени и деца.

Брод на италијанската воена морнарица спаси 286 мигранти, соопшти крајбрежната стража на Италија, додавајќи дека мигрантите се префрлени во италијанските пристаништа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...