fbpx

Во акцијата „Мрежа“ уапсен уште еден наркодилер

-

Во рамки на континуираната акција „Мрежа“, полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ј. (26) од Скопје, поради основано сомневање дека неовластено произведувал и пуштил во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. За стореното кривично дело, судија му одредил притвор во траење од 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога, откако добила информација дека пријавениот, евидентиран уличен дилер на марихуана, во текот на 2014 година неовластено набавил поголемо количество наркотици марихуана и анфетамин, што, во зависнот од побарувачката, ги препакувал во помали количества, (полиетиленски и хартиени пакувања) и ги препродавал на уживатели од Скопје, презеде мерки и активности за документирање на тие сознанија.

По потврдувањето на сознанието, во три одделни акции во непосредна близина од домот на Б.Ј., тој е забележан како остварува кратки средби со повеќе различни лица, при што на четири лица од Скопје им е извршен личен преглед и кај сите е пронајдена по едно хартиено пакување марихуана. Од извршеното вештачење на одземените три пакувања, е констатирано дека станува збор за марихуана со вкупно тежина од 1,98 грама.

Постапувајќи по добиените сознанија, обезбедените материјални докази, како и фактот дека Б.Ј. во периодот 2008/2014 година е трипати кривично пријавуван за недозволен трговија со дрога и за насилство, припадници на ЕНТ со наредба од судија на претходна постапка, извршија претрес во домот и други простории на Б.Ј., при што се пронајдени и одземени 83,25 грама марихуана, 6,36 грама амфетамин и две дигитални ваги, на кои по извршеното вештачење се детектирани траги од амфетамин, кокаин и од марихуана.

Б.Ј. е приведен во службените простории на СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога, каде делумно дал појаснување за пронајдената дрога во неговиот дом.

Досега, од почетокот на акцијата „Мрежа“, кривично пријавени се околу 150 наркодилери, а запленети се и приближно 515 килограми различни видови дрога.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...