fbpx

Убиен е еден од најбараните лидери на Ал Каеда

-

Пакистанската војска денеска соопшти дека е убиен еден од најбараните терористи на листата на ФБИ, Аднан ел-Шукриџухах. Овој член на Ал Каеда се смета за еден од „мозоците“ на операцијата за нападите на метрото во Њујорк во 2009 година.

Шукриџухах се смета за лидер на програмата за надворешни операции на Ал Каеда и дека бил еден од организаторите на плановите за напади врз Западот. Во 2010 година, властите на Њујорк го обвинија за обучување двајца мажи да извршат самоубиствен напад во метрото на градот. ФБИ нудеше пет милиони долари во замена за информации за локацијата на која се крие терористот.

Аднан е роден во Саудиска Арабија, но како дете се преселил во Америка и израснал на Флорида и во Њујорк. Во еден момент тој ја напуштил земјата и се приклучил на Ал Каеда, прво како мијач на садови, а потоа напредувал во еден од лидерите на терористичката организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...