Уапсен Русин во Турција кој планирал напад на американски авиони


       
Анкара, 10 август, 2017 - 13:12 (META) 

Турската безбедносна служба уапсила руски државјанин кој наводно планирал напад со беспилотно летало на американски авиони во воздушната база Инџирлик, јавува телевизијата „Хабертурк“.

Како што е наведено, станува за збор за Ренато Бакијев, кој е осомничен за членство во таканаречената Исламска држава.

Руската амбасада во Анкара засега не го коментира случајот.