fbpx

Трамп првпат нареди напад, бомбардирана воена база во Сирија

-

Од американските разорувачи во Источниот Медитеран истрелани се десетина ракети „томахавк“ на позиции на сириската војска, а операцијата ја наредил претседателот Доналд Трамп како одмазда за наводниот напад со хемиско оружје на силите на Башар ал Асад во Идлиб, јавија светските агенции.

Претставник на Белата куќа соопшти дека се истрелани 59 прецизно-наведувачки ракети, кои ја погодиле воздухопловната база Шајрат во Сирија.

Други претставници претходно соопштија дека се истрелани 70 ракети.

Воздухопловната база што беше цел на нападот, според претставникот на Белата куќа, има врска со „програмата за хемиско оружје на сирискиот режим и е директно поврзана со ужасниот хемиски напад од 4 април“.

Трамп наредбата ја издал од Флорида, а со американскиот претседател во тој момент биле државниот секретар, Рекс Тилерсон, како и неговиот советник за безбедност Херберт Рејмонд Макмастер.

Како што јавува „Си-ен-ен“, Трамп за време на нападот бил на вечера со кинескиот претседател Кси Џинпинг, а секретарот за одбрана, Џејмс Матис, постојано го информирал за операцијата во Сирија.

Трамп на новинарите им соопшти дека во интерес на САД е да ги сопрат употребата и ширењето на смртоносното хемиско оружје.

– Вечерва наредив воен напад на позиции во Сирија од кои е извршен нападот со хемиско оружје. Нема спор околу тоа дека Сирија користела забрането оружје, ги прекршила обврските што ги има според Конвенцијата за хемиско вооружување и ги игнорирала апелите на Советот на безбедност на ОН – рече Трамп.

Според последниот биланс, најмалку 86 лица, меѓу кои 30 деца и 20 жени, загинаа во нападот со хемиско оружје во бунтовничката провинција на северозападот на Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...