fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

Свилановиќ: Борбата против екстремизмот да се вгради во образованието

„Спречувањето на екстремизмот треба да биде вграден во наставните планови и програми на општиот образовен систем, но и надвор од наставните активности“, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. - Младите се примарна цел на пропагандата на насилните екстремисти и за да станат поотпорни треба да се направат посебни координирани програми - појасни Свилановиќ, зборувајќи...

За Вучиќ не е кривично дело што српскиот разузнавач бил во Собранието

Српскиот премиер Александар Вучиќ, по вчерашната неформална вечера на премиерите на земјите од Западен Балкан, на новинарско прашање за присуството на советник во српската амбасада во Скопје при насилствата во Собранието на 27 април, изјавил дека советникот не учествувал во кривично дело, ниту пак нешто организирал, јави агенцијата „Бета“. Телевизијата „Телма“ завчера објави дека Горан Живаљевиќ, офицер на српската разузнавачка...

Лидерите на Западен Балкан се обврзале да соработуваат и меѓусебно да се почитуваат

Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност на неформалната средба со премиерите од земјите од Западен Балкан разговарала за европската перспектива на регионот во ЕУ, соопштуваат од кабинетот на Могерини. Од таму велат дека за време на средбата, сите присутни ја потврдиле нивната целосна посветеност да продолжат да работат на процесот на нивна интеграција во Европската...

Заев: Посакувам во 2018 година да се отвори датум за отпочнување на преговори со ЕУ

Среќен сум што денеска успеавме сите меѓу себе да поразговараме и да заклучиме дека сите стоиме на линијата на потребата на сите наши граѓани за унапредување на соработката. Констатиравме овде во присуство на Могерини дека и ЕУ ќе не почитува повеќе ако ние во регионот соработуваме, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев по завршувањето на неформалната вечера на лидерите...

Заев се сретна со Могерини, шефицата на европската дипломатија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево имаше билатерална средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. „Пред вечерата со претставниците на Западен Балкан, Федерика Могерини се сретна со Зоран Заев, определениот за премиер на Поранешна Југословенска Република Македонија“, напиша на „Твитер“, Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија. https://twitter.com/MajaEUspox/status/867424898175692800 По билатералните средби со Могерини, претставниците на шесте земји...

Могерини: Заложбата на ЕУ е тесна соработка помеѓу Унијата и земјите од Западен Балкан

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, денеска на прес-конференција во Брисел ја најави вечерашната неформална средба со, како што рече „премиерите и определениот за премиер од шест балкански држави“, посочувајќи дека средбата е со цел овие претставници со ЕУ да се договорат како да работат подобро заедно во иднина. – Видовме дека Западниот Балкан...

Заев: Посетата на Брисел е можност да ѝ дадеме причина на ЕУ да се фокусира на Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека утрешната вечера со високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, и со премиерите од Западен Балкан е одлична можност да се видат сите, но и за да се поразговара за европската перспектива на Македонија. - Можност да објасниме колку многу ќе работиме на реформите за да им...

Заев утре на вечера со Могерини и со премиерите од Западен Балкан

Лидерот на СДСМ Зоран Заев утре во Брисел ќе присуствува неформалната вечера на премиерите од Западен Балкан со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврдија од СДСМ. Како што соопшти портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов Заев пред неформалната вечера ќе има и билатерална средба со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Могерини...

Питела: Во Македонија, Албанија, БиХ и Србија има силни дестабилизирачки притисоци

Шефот на пратеничката група на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Дани Питела, изјави дека на државите од Западен Балкан кои сакат во ЕУ треба да им се даде јасна перспектива за членство за да не влезат во „руската орбита“. Тој вели дека ЕУ мора да биде многу активна во тој регион, наведувајќи дека проширувањето на ЕУ ќе биде возможно...

Извештај на ЕП: Македонија на дното по медиумски слободи на Балканот

Македонија се наоѓа на последното место на Западен Балкан за почитување на медиумските слободи, оценува „Истражувачкиот центар на Eвропскиот парламент“, кој во мај годинава објави извештај за состојбата со слободата на говорот во земјите од Балканот, соопшти денеска Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). „Трендот на ерозија на слободата на медиумите е особено забележлив во Македонија, која бележи најголем пад...

Шест земји од Западен Балкан во Сараево разговараат за економско поврзување

Агендата за регионалната економска интеграција е тема на состанок на претставници на шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, како една од последните подоготовки пред самитот планиран за јули годинава во Трст, соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС). Средбата на која учествуваат претставници од повеќе министерства и претставници на премиерите на земјите од Западен Балкан е организарана од...

Белград инсистира кај ЕУ за мирно решение на кризата во Македонија

Јавниот дискурс кој повикува на насилство, во отсуство на суштински дијалог меѓу Белград и Приштина, и нестабилноста во Македонија претставуваат сериозна и отворена закана за мирот во Југоисточна Европа, е главната порака на неофицијалниот документ што српската министерка за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, и директорот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, им го предале на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во...

Италијанско МНР: Изборот на нова влада е од суштинско значење за Македонија

Италија со загриженост го следи продолжението и развојот на политичката криза во Македонија и ја осудува која било форма на насилство во институциите, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Италија, по повод насилствата во Собранието од 27 април. Од италијанското МНР повикуваат дијалогот помеѓу политичките сили во земјата да се одвива во Собранието и во форми...

Коѕиас: Ние сме за постоење на единство во БЈРМ и не се мешаме во внатрешната политика

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, испрати јасна порака дека Грција ги поддржува стабилноста и единството во Македонија. Во говор за време на презентација на книгата на ексминистерот и европратеник Никос Сфунакис за грчката надворешна политика, Коѕиас порача дека остро се противат на идеите за дестабилизација на Балканот и за промена на границите во регионот. „Грција постојано ја поддржува стабилноста во регионот,...

Хан со Сорос разговарал за засилување на реформите и за отворените општества

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан и основачот на фондациите „Отворено општество“, Џорџ Сорос, денеска во Брисел разговарале за засилувањето на реформите и на отвореното општество во земјите од регионот на Зпаден Балкан и во Источна Европа. „Секогаш е добро да се сретне Џорџ Сорос и да се разговара за нашите заеднички напори за засилување на реформите и...

Хан на „Принстон“: Мораме да видиме политичка волја наместо политички игри

Наместо политички игри, мораме да видиме политичка волја и вистински реформи, не на хартија туку на терен, особено во клучните области како владеење на правото, конкуретноста и поврзувањето. Ова е пораката на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, до земјите од Западен Балкан, вклучително и до Македонија, што тој ја нагласува во својот говор на Универзитетот „Принстон“...

Кукан се надева на значителен пресврт во кризата во Македонија и на Балканот

Европратеникот Едвард Кукан, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент, во интервју за „Еуропиан Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) вели дека во наредните месеци очекува значителен пресврт во политичките случувања во Македонија и во другите балкански земји зафатени од „трендот“ на блокада и на бојкот на клучните институции. - Ние се соочуваме со сериозна политичка криза во Македонија и...

Укажувачите на корупција на Балканот ги сакаат малку, а во Македонија – најмалку

Укажувачите на криминал и на корупција (whistleblowers) не се популарни, односно ја немаат поддршката ниту од граѓаните во земјите од Западен Балкан, а најмалку во Македонија, покажува истражувањето спроведено во седум земји, врз 7.000 испитаници, поддржано од Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево. Истражувањето, кое е прво од ваков вид, е спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина,...

Вучиќ и Мекејн во Белград разговарале за ситуацијата во Македонија

Српскиот премиер Александар Вучиќ и американскиот сенатор Џон Мекејн на средбата во Белград денеска разговарале за ситуацијата во Македонија, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Вучиќ се надевал дека работите во Македонија ќе се одвиваат мирно и со почитување на македонските закони. „За нас тоа е од големо значење, бидејќи ако не се задоволни Албанците, може да имаме проблем на југот на...

Светска банка предвидува најмал економски пораст за Македонија во регионот

Светска банка за Македонија предвидува економски пораст од 2,8 проценти, најмал од земјите во регионот, се вели во редовниот економски извештај за Западен Балкан. Порастот, како што се наведува во извештајот, значително забави како последица на намалените инвестиции, кои беа погодени од политичката криза. Тој, во голема мера беше движен од градежништвото, главно преку јавните инвестиции (автопати). Фискалниот дефицит се намали, но...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...