fbpx
Таг: западен балкан

таг: западен балкан

Заев: Подготвени сме за соработка за земјите од регионот да станат членки на НАТО

Со нашето присуство на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, велиме дека сме подготвени да соработуваме во интерес на граѓаните на нашите држави и низ интеграциските процеси да го донесеме регионот до големото семејство на НАТО, изјави премерот Зоран Заев на воведното обраќање на Самитот на земјите членки на Јадранската повелба, на кој Македонија претседава и е кодомаќин со Црна...

Заев: Ги решивме отворените прашања со Вучиќ

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за регионалната телевизија Н1  изјави дека ги решил сите отворени прашања што ги имал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по неговата изјава за македонското сценарио кое може да се прелее во Србија, но и по информациите кои велат дека поранешен член на БИА беше во Собранието. Заев вели дека Србија немала влијание или...

Бибер: Владата во Македонија може да го разбие циклусот на цинизам за проширувањето на ЕУ

Новата влада во Македонија може да биде импулс за разбивање на циклусот на цинизам што владее во Европската Унија и во земјите од Западен Балкан, во однос на проширувањето на Унијата, вели Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и член на советодавната група за политиките за внесување на Балканот во Европа, во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“. Бибер го дефинира...

Претседателите на стопанските комори од регионот се сретнаа со Тајани

Претседателите на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, денеска во Подгорица се сретнаа со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Состанокот, на кој присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и претседавачот на собранието на комората, Антони Пешев, се одржал во просториите на Стопанската комора на Црна Гора. „Констатирано е дека со донесувањето на повеќегодишниот акционен план за Регионалната...

Анѓушев – Гарет: Македонија може повеќе да извезува во Велика Британија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, со кој разговарал за економската соработка помеѓу Македонија и Обединетото Кралство. Тие заклучиле дека соработката е на солидно ниво, но и дека постои можност економските односи уште повеќе да се развијат, особено во поглед на извозот од Македонија. „Обединетото Кралство е значаен економски партнер на Македонија, втора земја по...

Анѓушев: Добивме 70 милиони евра грант од ЕУ за пругата кон Бугарија

Од вкупно 194 милиони евра грант наменет за развој на инфраструктурата во Западен Балкан, Македонија на самитот во Трст добила 70 милиони евра за доизградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, информираше денеска вицепремирот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој додаде дека оваа неповратна помош, доволна за да се покрие 46 отсто од вкупната сума што е потребна...

Лидерите од Западен Балкан во Трст го усвоија Акцискиот план за економска интеграција

Шесте земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, денеска на Самитот во Трст го усвоија повеќегодишниот Акциски план за регионален економски простор на Западен Балкан наречен МАП (Multi-annual Action Plan - Повеќегодишен акциски план), соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС), кој е овластен да го следи целиот процес. МАП има цел да овозможи „непречен протек на стока, услуги, капитал...

Заев: Во Македонија владее оптимизам од подадената рака од меѓународната заедница

Има голема потреба од формирање рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан, кон што е силно определена новата влада на Република Македонија, а постои и голема потреба не само од реформи, туку и од фокусиран забрзан реформски напредок, рече премиерот Зоран Заев за време на неговото обраќање на самитот за Западен Балкан во Трст. - Знам дека граѓаните...

Меркел: Политичката стабилност на Балканот значи и наша стабилност

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европска Унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ. – Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние го знаеме тоа од искуство - рече Меркел. Претходно, австрискиот канцелар Кристијан Керн изјави дека на регионот...

Во Трст почнува самитот Западен Балкан – ЕУ

Во Трст денеска почнува бизнис-форумот во рамки на самитот на лидерите на државите од Западен Балкан, на кој, покрај еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, учествуваат и министрите за трговија и за економија на земјите од Западен Балкан. Самитот се одржува во рамки на Берлинскиот процес, иницијатива покрената во 2014 година, а која има цел да ги...

Трет Форум на цивилното општество од Балканот – претходница на самитот во Трст

Третиот Форум на цивилното општество, кој е претходница на самитот на Западен Балкан, почна денеска во Трст со присуство на околу 200 претставници на граѓанскиот сектор од Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и од другите делови од регионот, како и од Европа. Хедвиг Моравија, извршна директорка на Европскиот фонд за Балкан, истакна дека препораките од Форумот...

Заев и владина делегација на Самитот за Западен Балкан во Трст

Премиерот Заев денеска и утре во Трст ќе ја предводи владината делегација на четвртиот самит ЕУ - Западен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес кој официјално ќе почне утре. На самитот кој е под покровителство на Италија ќе учествуваат премиерите и министри од шесте земји од Западен Балкан, како и високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика...

Форум на невладините организации од Западен Балкан

Повеќе од 100 претставници на невладини организации од регионот на Западен Балкан и од ЕУ, се собраа денеска во Сараево за да дискутираат за проблемите на граѓанската организираност и за учеството на граѓаните во изградба на јавните политики, како и за поврзаноста на активностите во регионални рамки. Станува збор за шести Форум на невладиниот сектор, кој е во организација на Европскиот...

Билт: Европа мора да се прошири, Западен Балкан да ги забрза ЕУ-интеграциите

Проширувањето на Европската Унија е императив, а единствен пат напред за земјите од Балканот е забрзување на евроинтеграциите, изјави денеска во Сараево поранешниот шведски премиер Карл Билт, кој беше во посета на секретаријатот на Регионалниот совет за соработка (РСС) и имаше состанок со секретарот, Горан Свилановиќ. - Понатамошното проширување на ЕУ е императив, а единствен пат напред за Западен Балкан...

Стратегија „ЈИЕ 2020“: Земјите од Балканот стабилизирани, но не напредуваат еднакво

По три години од спроведувањето на Стратегијата „Југоисточна Европа 2020“, дојдено е до долгоочекуваната стабилизација на земјите од Западен Балкан, но со нееднаков напредок. Ова беше констатирано на денешниот годишен состанок на управувачкиот одбор за стратегијата на Регионалниот совет за соработка (РСС), интервладино оперативно тело на земјите од ЈИЕ, на кој беше усвоена годишната програма, а беше разговарано и за новиот...

Ван дер Белен – Земан: На Западен Балкан местото му е во ЕУ

Претседателите на Австрија и на Чешка, Александар ван дер Белен и Милош Земан, денеска во Прага побараа Европската Унија да посвети повеќе внимание на Западен Балкан и, секако, да го одржи ветувањето дека земјите ќе влезат во ЕУ. - Со претседателот Земан разговаравме за Западен Балкан и за тоа дека е неопходно да се одржи нивниот влез во ЕУ. Постојат...

Форум во Белград: Македонија да спроведе реформи во управувањето со јавни финансии

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, и министерот за економија на Албанија, Милва Економи, го отворија „Форумот за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“, во организација на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија. На првата панел-сесија, Хан и Арсовска дискутираа за неопходноста...

Хан: Агендата „Берлин плус“ не е замена за членство во ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска изјави дека планот на Берлин за Западен Балкан, агендата „Берлин плус“, не е замена за членство во Европската Унија. По состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, Хан истакна дека оваа агенда е само показател за посветеноста на земјите членки на ЕУ, особено на Германија, за понатамошно ангажирање и за инвестирање во регионот. Хан истакна дека...

Иванов: ЕУ да извлече поука од досегашниот пристап кон Македонија и кон регионот

Европската Унија да извлече поуки за ефектите од досегашниот пристап кон Македонија и кон регионот, порачал претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во своето обраќање на денешниот состанок на лидерите од Процесот Брдо - Бриони, што се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија. Членство на Република Македонија во НАТО, почеток на преговорите со Европската Унија, продлабочување на соработката во сферата на безбедноста...

Словенија и Хрватска ќе работат земјите од Западен Балкан да станат дел од ЕУ

Словенија и Хрватска ќе продолжат да работат на зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што ќе придонесе за зајакнување на довербата и на стабилноста во регионот. Ова го истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Карл Ерјавец и Давор Иво Штир, на прес-конференција во Брдо кај Крањ, каде денеска се одржува состанокот на лидерите на Процесот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...