fbpx

Словенија и Хрватска ќе работат земјите од Западен Балкан да станат дел од ЕУ

-

Словенија и Хрватска ќе продолжат да работат на зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што ќе придонесе за зајакнување на довербата и на стабилноста во регионот. Ова го истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Карл Ерјавец и Давор Иво Штир, на прес-конференција во Брдо кај Крањ, каде денеска се одржува состанокот на лидерите на Процесот Брдо – Бриони, пренесуваат медиумите.

Ерјавец и Штир оценија дека клучно за државите од Западен Балкан е да ги спроведат потребните реформи, а проширувањето да остане главна цел на Унијата.

– Словенија го поддржува процесот на проширување и јасно е дека регионот веќе ѝ припаѓа на ЕУ. Сепак, потребно е државите од Западен Балкан да ги спроведат реформите, да изградат институции, да го зајакнат владеењето на правото и да се справат со корупцијата и со организираниот криминал. Уверени сме дека стабилен Западен Балкан придонесува за стабилноста на ЕУ – изјави словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец.

Министерот за надворешни работи на Хрватска, Давор Иво Штир, истакна дека државите што сакаат да станат членки на ЕУ мора да ги спроведат реформите, но кога ќе бидат исполнети критериумите, вратата за членство мора да биде отворена. Тој нагласи дека ќе работи проширувањето да се одржи на дневниот ред на Унијата, додавајќи дека, всушност, станува збор за процес кој повеќе е „консолидација на Европа, отколку проширување“.

На состанокот на лидери во Брдо кај Крањ учествуваат и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...