fbpx
Таг: закани

таг: закани

SafeJournalists: Ги осудуваме смртните закани и сексистичките навреди кон новинарката Тања Милевска

Тања Милевска, новинарка и дописник во МИА (Медиумската информативна агенција), доби смртни закани и сексистички навреди на Твитер, а подоцна и на Фејсбук, заради нејзините јавни ставови изразени на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, но досега не се покренати обвиненија. На 11 јули, Милевска на социјалните мрежи доби десетици вербални закани, говор на омраза и закани од силување,...

ССНМ, ЗНМ и СЕММ остро ги осудуваат заканите кон дописничката Милевска

Здружението на новинари (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ) најостро реагираат на говорот на омраза и директните закани по живот упатени преку социјалната мрежа Твитер, до новинарката Тања Милевска, дописник за државната агенција МИА од Брисел. „Како новинарски организации упатуваме на фактот дека и говорот на омраза и...

Беголи: Пандемиjaта направи новинарите во Косово да се под силен финансиски, физички и психолошки притисок

Гентиана Беголи, претседателка на Здружението на новинари на Косово (ЗНК), во интервју во рамките на низа интервјуа од земјите од регионот во врска со ефектот на пандемијата врз медиумите зборуваше за тешкотиите со кои се соочуваат новинарите на Косово. Во интервјуто за Portalb.mk, Беголи го потенцира негативното влијание на пандемијата врз финансискиот аспект на медиумите, што резултира во нивно...

АВМУ: Безбедноста на медиумските работници не смее да биде загрозена

Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ „Клан“ во Кумановско и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање. „Агенцијата во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа треба да се вложат...

Eкипа на ТВ „Клан“ добила закани да ги избрише снимките од емигранти кај Ваксинце

Здружението на новинарите на Македонија најостро ги осудува заканите кон новинарската екипа на ТВ „Клан“. „Денеска новинарот Фуркан Салиу и снимателот Ибрахим Мамути биле на терен во селото Ваксинце, каде забележале и снимиле поголема група на емигранти која се движела во тој регион. Откако ја направиле снимката, тие со автомобил се упатиле назад кон Скопје, по што, еден автомобил со...

Избори се ближат, вербални напади и закани кон новинари се нижат

Лани три, а од почетокот на годинава до денес за ист број месеци се регистрирани седум вербални напади и закани врз новинари, коишто биле пријавени во Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Од Здружението за „Мета.мк“ посочуваат дека бројот на вербални напади и закани врз новинарите е во пораст, и тоа во услови кога во последниве две години е забележан...

ЗНМ реагира за односот на полицајците кон новинарот Салиу, Чулев ќе го испитал случајот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу за време на вчерашниот настан организиран од МВР за одбележување на Денот на полицијата. „Обезбедувањето на министерот прекршувајќи го Кодексот на однесување на полициски службеници (во членот 19...

ЗНМ и ССНМ ги повикаа истражните органи да постапуваат по заканите кон Иванов, Стојановска, Додевска

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудува вербалните закани кон новинарот Мишко Иванов, испратени до него на социјалната мрежа Фејсбук. „Вчеравечер, веднаш по завршувањето на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, извесен Бобан Петровски испратил порака полна со говор на омраза и закани до новинарот на ТВ „24“. Откако Иванов ја објави пораката...

Трамп се закани на Кина, Австралија бара меѓународна истрага за ширењето на вирусот

Претседателот на САД, Доналд Трамп од прес-конференција во Белата куќа упати остро предупредување за Кина оти можеби „е одговорна за ширење на пандемијата на корона вирусот“. Во исто време, Австралија побара меѓународна истрага за Кина поради ширењето на корона вирусот и можна „нетранспарентност“ во поглед на бројките. – Пандемијата можеше да се запре во Кина пред да почне, но тоа...

Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките, доби затворска казна и препорака за психијатриско лекување

Основниот кривичен суд изрече затворска казна на заканувачот Емил Јакимовски на една година и осум месеци, но претходно треба да биде на задолжително лекување во психијатриската болница во Бардовци поради утврдено психичко растројство. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба. Oбвинителството поднесе обвинителен предлог против него за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2...

Стејт департмент: Владата постигна напредок во почитувањето на слободата на медиумите

Американскиот Стејт департмент во Годишниот извештај за човековите права во Македонија за 2019 година нагласува дека владата лани постигнала напредок во почитувањето на слободата на медиумите и слободата на изразување во земјава. Сепак, Стејт департментот констатира дека сѐ уште постојат проблеми што се провлекуваат од минатите години, како што е насилството и заплашувањето на новинари. Независноста на медиумите е...

ЗНМ со остра осуда за заканите кон новинарката на „ТВ21“

Здружението на новинарите на Македонија остро ги осудува заканите упатени кон новинарката на „ТВ21“, Алмедина Исмајли од страна на Нешат Адеми кој е доскорашен член на Алијансатa за Албанците, реагираат од ЗНМ. „Пред два дена новинарката Исмајли подготвувала прилог во кој бил споменат Адеми откако на својот Фејсбук профил објавил информација дека ја напушта АА. По емитувањето на прилогот новинарката...

Обвинителство бара продолжување на притворот за Емил Јакимовски и поднесе обвинителен предлог

Основното јавно обвинителство - Скопје до Кривичниот суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Емил Јакимовски, кој им упати навреди и закани на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска. Од ОЈО сметаат дека постои реална можност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. Јакимовски од 18 јануари се наоѓа во...

Приведен Емил Јакимовски, кој им се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска

Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар кој изминатиов викенд упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, е приведен и во моментов со него се води разговор во полициска станица, потврдија од МВР за „Мета.мк“. Според информациите, тој бил приведен поради пријава против него за семејно насилство и полицијата соработува со Основно јавно обвинителство - Скопје,...

Новинарските здруженија од регионот ги осудија заканите и навредите врз новинарките во Македонија

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8.000 членови, остро ги осуди заканите и навредите кон Мери Јордановска, уредник во „А1он.мк“ и уредничката во „ТВ Алфа“, Искра Коровешовска. Двете новинарки добија заканувачки пораки преку интернет од Емил Јакимовски минатата недела и тоа беше пријавено во полиција. Според пораките...

Нападите и заканите врз новинарите драстично опаднаа по 2017 година, но не исчезнаа (инфографик)

Во изминативе две години за четири до пет пати е намален бројот на случаите на повреда на правата на новинарите во земјава. Ако во 2017 година биле регистрирани 20 вакви случаи, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) лани регистрирало само четири инциденти, од кои еден бил физички напад на новинар и три случаи на вербален напад. Низ годините опаднала...

Јакимовски доби отказ од Централниот регистар, МВР и ОЈО допрва ќе треба да реагираат на заканите

Вработениот во Централниот регистар Емил Јакимовски, кој викендов упати закани и навреди кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, доби отказ од работното место. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски вчера донела решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор. „Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување според...

ЗНМ повика на брза реакција на институциите по заканите кон новинарката Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на порталот „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека “ќе ја искреира на некролог“. ЗНМ ги повика Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги...

Новинарскиот синдикат бара да се открие кој ѝ се заканува на екипата на ИРЛ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудува заканите кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) испратени во последните неколку дена. Според пријавата до ССНМ, заканите биле упатени кон новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска веднаш по објавувањето на сторијата во која се истражувани постапките при градежните активности во населбата „Тафталиџе“ во Скопје. „Јовановска на својот телефон добила...

ЗНМ ги осуди заканите кон екипата на Истражувачката репортерска лабораторија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осуди притисоците кои се вршат кон новинарката на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Маја Јовановска. Вербалните притисоци и вознемирување следеле откако ИРЛ ја објавила истражувачка сторија поврзана со градежни активности од последните години во населбата „Тафталиџе“ во Скопје. Како што информираат од ЗНМ, за време на викендот, сопственикот на градежната фирма „Настел“ –...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...