fbpx

АВМУ: Безбедноста на медиумските работници не смее да биде загрозена

-

Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ „Клан“ во Кумановско и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.

„Агенцијата во повеќе наврати досега реагираше дека безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена. Токму затоа треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за медиумите професионално да си ја вршат работата, ослободени од закани и притисоци,“ соопштуваат од Агенцијата.

Од АВМУ апелираат да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија, бидејќи само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...