fbpx
Таг: воздушни напади

таг: воздушни напади

САД и сојузниците извршиле 14 воздушни напади на позиции на ИД

САД и нивните сојузници извршиле 14 воздушни удари на позиции на Исламска држава во Сирија, соопшти денеска коалицијата која ги предводи операциите. Во соопштението се наведува дека коалицијата извршила четири воздушни напади во близина на три сириски града, и погодила тактички единици, уништувајќи три борбени позиции и шест нафтени извори. Во пет воздушни удари во близина на четири ирачки града се...

Турција ги осуди руските воздушни напад на Идлиб

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го осуди, како што се сомнева, рускиот воен напад на сирискиот град Идлиб, додавајќи дека сириската територија нема да биде дел од „руските империјалистички цели“. Во воздушните напади на 20 декември, биле погодени луѓе во центарот на бунтовничкиот град на северозападот на Сирија, на особено прометен градски пазар, неколку владини згради и станбен блок. Русија не се...

Медведев: Операциите во Сирија не се товар за буџетот на Русија

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека операциите на воздушните сили во Сирија, кои почнаа на 30 септември, не се товар за буџетот на Русија. Медведев истакна дека руското министерство за одбрана не потрошило повеќе пари од планираниот износ од буџетот. Тој посочи дека руската војска не побарала од владата дополнителни средства за кампањата во Сирија. Руската економија минува низ тежок период...

САД демантираат дека ја гаѓале сириската војска

Меѓународната коалиција предводена од САД денеска демантираше дека бомбардирала камп на сириската војска, како што претходно соопштија сириските власти и невладините организации. - Знаеме за таа информација во медиумите, но не сме спровеле ниту еден напад на потесното подрачје на Деир ел Зор , туку 55 километри подалеку - соопшти портпаролот на меѓународната коалиција, Стив Ворен. Според Ворен, меѓународната коалиција гаѓала...

Четири сириски војници загинаа во бомбардирањата на коалицијата

Четири сириски војници загинаа, а 13 се повредени откако меѓународната коалиција предводена од САД бомбардираше сириска воена база во Западна Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Опсерваторијата наведува дека цел на воздушниот напад бил воен камп во западната сириска провинција Деир Езор, која се наоѓа на два километри од подрачјето што е под контрола на...

Британија почна воздушни напади против ИД во Сирија

Британски авиони утринава почнаа да ги бомбардираат позициите на Исламска држава во Сирија, само неколку часа откако британскиот парламент го одобри почетокот на акцијата. Четири авиони полетале во акција од британската база Акротири на Кипар. Неименуван претставник на министерството за одбрана на Британија соопшти дека мета на нападите биле цели во Сирија и најави повеќе детали во текот на денот. Велика...

Лидерот на лабуристите против вклучувањето на Британија во војната против ИД во Сирија

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, испратил писмо до членовите на парламентот од неговата партија во кое вели дека не го поддржува планот за вклучување на Велика Британија во воздушните напади против Исламска држава (ИД) во Сирија, јавува „Би-Би-Си“. Корбин во писмото ги отфрлил тврдењата на британскиот премиер Дејвид Камерон дека бомбардирањето на цели на ИД ќе ја направи...

Камерон ја поддржа Франција за воздушните напади против ИД

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска во Париз ја поддржа одлуката на Франција за почне воздушни напади на позициите на Исламска држава во Сирија и додаде дека од британскиот парламент неделава ќе побара дозвола и Велика Британија да се приклучи на бомбардирањето на упориштата на терористичката група. Тој рече дека Велика Британија на Франција ќе ѝ ја даде на располагање воената база...

Русија ги засили нападите против ИД во Сирија

Русија ги интензивирала воздушните напади во централниот и во источниот дел на Сирија на позициите на џихадистите на Исламска држава, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права. - Повеќе од 80 воздушни напади, претежно руски, се спроведени врз позициите на исламистите во Хомс – изјави директорот на опсерваторијата, Рами Абдел Рахман, додавајќи дека бомбардирани се подрачјата околу Палмира и Деир...

Убиени 33 џихадисти на ИД за 72 часа

Најмалку 33 борци на Исламска држава се убиени во текот на последните 72 часа, со воздушните напади на француските и на руските сили на северот на Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права. Директорот на опсерваторијата со седиште во Лондон, Рами Рахман, навел дека повеќе од десетина борци на ИД се ранети во нападите извршени во неделата, понеделникот и во вторникот. Воздушните напади...

Меѓународната коалиција изврши 24 напади врз ИД

САД и нивните сојузници извршиле 24 напади на Исламска држава во Ирак и во Сирија, соопшти денеска коалицијата која ја спровела операцијата. Во Сирија вчера се изведени 13 напади во близина на четири града. Погодени се погони за производство на бензин, гас и на нафта, кои биле под контрола на исламистите, се наведува во соопштението. Во Ирак се извршени 11 напади...

Руски авиони за два дена извеле 81 лет и гаѓале 263 цели во Сирија

Авиони на руската воена авијација во изминатите 48 часа извршиле 81 лет и гаѓале вкупно 263 цели на исламските екстремисти во Сирија, соопшти денеска руското министерство за одбрана, јавуваат светските агенции. Според информациите, во бомбардирањата на целите, била уништена и база на Исламска држава (ИД) во близина на главниот град на Сирија, Дамаск. Во воздушните напади, според портпаролот на руското министерство...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...