Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска во Париз ја поддржа одлуката на Франција за почне воздушни напади на позициите на Исламска држава во Сирија и додаде дека од британскиот парламент неделава ќе побара дозвола и Велика Британија да се приклучи на бомбардирањето на упориштата на терористичката група.

Тој рече дека Велика Британија на Франција ќе ѝ ја даде на располагање воената база на Кипар.

Францускиот претседател Франсоа Оланд и Дејвид Камерон утринава во концертната сала „Батаклан“ им одадоа почит на жртвите на терористичките напади, извршени на 13 ноември.

Во неколку симултани терористички напади, извршени на 13 ноември во Париз загинаа 130 лица, а повеќе од 350 беа ранети.

Оланд неделава ќе ги посети Вашингтон и Москва.